Битолска млекарница-БиМилк и скопската компанија "Раде Кончар - сервис", годинава ќе бидат претставени ширум Европската унија како првонаградени на Националната награда за најдобри општествено-одговорни практики на македонските претпријатија (ООП) во 2012 година. Овие две компании кои се истакнале со општествената одговорност и притоа соработувале со непрофитни организации, добија најмногу бодови меѓу осум првонаградени фирми на годинашната Национална награда и со тоа стекнаа право да учествуваат на европска свеченост што ќе се одржи на 25 јуни годинава во Брисел. На годинешното шесто по ред издание на Националната награда пријавени се досега најмногу компании и проекти. Вкупно 43 компании конкурирале со 66 проекти во пет категории, од кои една третина за прв пат. Во категоријата однос кон вработените статуетка, односно прва награда добија Македонски телеком и Т-Мобиле.
Битолска млекарница-БиМилк и скопската компанија "Раде Кончар - сервис", годинава ќе бидат претставени ширум Европската унија како првонаградени на Националната награда за најдобри општествено-одговорни практики на македонските претпријатија (ООП) во 2012 година.
Овие две компании кои се истакнале со општествената одговорност и притоа соработувале со непрофитни организации, добија најмногу бодови меѓу осум првонаградени фирми на годинашната Национална награда и со тоа стекнаа право да учествуваат на европска свеченост што ќе се одржи на 25 јуни годинава во Брисел.
На годинешното шесто по ред издание на Националната награда пријавени се досега најмногу компании и проекти. Вкупно 43 компании конкурирале со 66 проекти во пет категории, од кои една третина за прв пат. Во категоријата однос кон вработените статуетка, односно прва награда добија Македонски телеком и Т-Мобиле. Во категоријата етичко однесување најдобар е "Раде Кончар", а во категоријата односи на пазарот - Цементарницата Усје и КБ Прво пензиско друштво. Во категоријата однос кон животната средина статуетки добија "Раде кончар сервис" и "Македонија турист", а за вложување во заедницата статуетки им се доделија на "Кадис" и на Битолската млекарница. Во сите пет категории доделени се и плакети на поголем број мали, средни и големи претпријатија.
ЕВН Македонија доби плакета во категоријата односи на пазарот и тоа за проектот Континуирано подобрување на услугитее. Се работи за програма за подобрување на услугите на компанијата која во центарот на своите активности го има корисникот. Преку повеќе различни методи, мислењето на корисниците беше евидентирано, анализирано, а нивните сугестии во голем дел беа реализирани во рамки на организацијата. Согласно анализите, произлегоа дваесет проекти за подобрување на најразлични процеси и услуги, како на пример: информирање, обештетување, едукација, итн.
Од оваа година Националната награда за најдобри општествено-одговорни практики на македонските претпријатија влегува во составот на Европскиот систем на наградување на општествена одговорност на претпријатијата, иницијатива на Европската комисија.
Според државниот секретар во Министерството за економија Анче Трифунов, големиот интерес на компаниите годинава е доказ дека наградата ја постигнува целта - да се прошири кругот на деловни субјекти кои настојуваат да работат одговорно кон животната средина и социјалното опкружување. Претседателот на Координативното тело за ООП, Александар Николов оцени дека покрај зголемувањето на бројот на апликанти, од година во година се подобрува и квалитетот на проектите со кои конкурираат компаниите.